Евролига
Реал славеше во „Ел Класико“ и ќе се бори за пехарот во Евролигата

Составот на Реал Мадрид ќе биде противникот на Анадолу Ефес во големото финале на Евролигата.
Кралскиот клуб во второто полуфинале славеше над вечниот ривал Барселона со 86-83. Каталонците влегоа во овој дуел како фаворити со оглед на меѓусебниот учинок и партиите во оваа сезона и се одеше во нивна полза во првиот дел кој го реализираа со 45-34.
Меѓутоа по паузата се изгуби четата на Јасикевичиус, односно Реал потполно ги затвори, надигра во третиот период кој го доби со 26-11 со што направи пресврт и го презема водство.
Барселона потоа бркаше и во еден момент дојде до 75-75, ама не успеа одново да го скрши противникот кој секогаш беше еден чекор пред нив и на крајот обезбеди место во завршниот натпревар за оваа сезона против Анадолу Ефес.
Козер и Јабуселе со по 18 поени беа најефикасни кај победникот, залудни за Барса пак беа Миротиќ со 26 поени.
-
Светпред 23 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 24 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 22 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Светпред 20 часа
Тите: Оној тренер кој го игра Нејмар на крило е магаре!
-
Шпанијапред 21 час
Клајверт: Лапорта дојде и си стави свој познаник на мое место