Реал се засили со поранешен центар на Бостон и Мајами

jordan-mickey

Шпанскиот шампион Реал Мадрид и официјално оваа вечер го потврди ангажманот на поранешниот центар на Бостон Селтикс и Мајами Хит, Џордан Мики.

Мики кој може да ги покрие позициите четири и пет, минатава кампања ја мина во рускиот состав Химки каде во Евролигата имаше учинок од 13, 7 поени, 5,5 скокови и 1,1 блокади по натпревари, а пак во ВТБ лигата бележеше 15 поени, 6,1 скокови и 1,6 блокади.

Токму овие партии го однесоа во таборот на „кралевите“ со кои потпиша договор до 2021 година. Претходно Реал го ангажираше аргентинскиот плејмејкер Николас Лапровитола.

Facebook Коментари