Поврзете се со нас

Шпанија

Реал се закани: Последен пат играме фудбал во вакви услови!

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид го заврши својот натпревар против Атлетико непосредно пред полноќ во средата, а неполни 72 часа подоцна, „кралевите“ ќе излезат на мегдан против Вилјареал.

„Жолатата подморница“ ќе ги пречека избраниците на Карло Анчелоти во натпреварот кој почнува во 18:30 денеска, а непосредно пред стартот на истиот, Реал Мадрид како клуб се огласи преку својата официјална телевизија.

Незадоволни од третманот после натчовечките напори кои ги имаше тимот на гостувањето кај Атлетико, Реал Мадрид како клуб посочи дека последен пат ќе игра фудбал во вакви услови и дека во иднина ќе побара заштита од ФИФА.

– Ова е информацијата која сака да ја пренесе клубот: Реал Мадрид никогаш повеќе нема да игра фудбал во вакви услови, никогаш повеќе нема да играме натпревар без да имаме барем 72 часа одмор. За да не се повтори вакво нешто, во иднина ќе бараме заштита од ФИФА.

ФИФА правилникот вели дека ниту еден тим не смее да игра два натпревари во период помал од 72 часа, но реалноста вели дека Реал вечерва ќе истрча на „Ла Керамика“ 66 часа по натпреварот со Атлетико во Лигата на шампиони.

 

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни