Реал се прошета низ Тел Авив, ЦСКА го освои и Милано (Видео)

cska-moscow-celebrates

Реал Мадрид и ЦСКА Москва и по шестата рунда ќе имаат максимален учинок во Евролигата. Ова е резултатот по денешните средби на кои гигантите од шпанската и руската престолнина славеа на гостувањето кај Макаби Тел Авив, односно Армани Милано.

„Кралевите“ го „стопија“ Макаби со 87-66 во меч во кој најпрецизен беше плејмејкерот Љуљ кој за неполни 20 минути уфрли 17 поени.

ЦСКА пак мораше добро да се испоти за да го добие Милано со 90-85. „Армејците“ одиграа одлично во последиот период, славеа со 29-17 што беше повеќе од доволно за шеста сезонска победа.

Хигинс даде 22 поени, Де Коло застана на 18 поени, 4 скокови и исто толку асистенции, а пак Клајбурн додаде 14 поени.

Србинот Мицов со 24 поени беше прво име кај домашниот состав.

На останатите дв средби, Баерн ја прегази Дарушафака (116-70), Анадолу Ефес пак како гостин ја доби Гран Канарија со 94-90.

Facebook Коментари