Шпанија
Реал се огласи за повредата на Камавинга, разочараниот Французин испрати порака (Фото)
Изминативе 12 часа постоеше голем страв во таборот на Реал Мадрид, бидејќи на големо се повторија спомените од минатата сезона, кога Тибо Куртоа и Едер Милитао ги скинаа лигаментите на самиот старт на сезоната.
Едуардо Камавинга со страшен врисок и огромни болки во коленото го прекина тренингот на Реал, па нормално е тоа што многумина стравуваа и за најцрно сценарио.
За среќа, Реал Мадрид попладнево излезе со соопштение дека не станува збор за најлошата вест, иако играчот за врска ќе мора да направи пауза од два месеци.
Поточно, Камавинга има посериозно оштетување на страничниот лигамент на коленото и ќе паузира до шест до седум недели, но најполна вест е тоа што избегнува операција.
– Длабоко сум разочаран што ја претрпев оваа повреда и што ќе го пропуштам стартот на сезоната. Ќе работам напорно за да се вратам што поскоро. Ви благодарам за сите пораки за поддршка во изминатите неклку часа, исто така, сакам да му посакам на тимот се најдобро за мечот коој се игра оваа вечер. Благодарен сум на Бог, – порача Камавинга кој избегна сериозна повреда.
-
Италијапред 22 часа
Сари за клубот што сака да го води: Имам луд сон…
-
Светпред 24 часа
Симиќ меѓу најефикасните за Прат во Купот на Шпанија
-
Лига на шампионипред 22 часа
Ангеловски: Покажавме карактер и квалитет, горд сум на мојата екипа!
-
Балканпред 21 час
Мурињо за бомбастичното засилување на Галатасарај: Имам само еден проблем со него
-
Лига на шампионипред 20 часа
„Проектил“ кој не се брани: Кузмановски ја „скина“ мрежата од голот на Паличка (ВИДЕО)
-
Светпред 18 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
АТПпред 21 час
Надал за Синер: Чистата совест му помогна да победи во Њујорк
-
АТПпред 12 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)