Поврзете се со нас

Франција

Реал се јави со официјално соопштение по најновите шпекулации за Мбапе (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Реал Мадрид со години наназад се поврзува со Килијан Мбапе и постојано одржуваше блиски контакти со неговите претставници, но „кралскиот клуб“ сега вели дека нема ништо ново на оваа тема.

Откако француската ѕвезда го доби Флорентино Перез во последен момент и го извиси за договорениот трансфер во Реал, првиот човек на шпанскиот великан се дистанцираше од напаѓачот и не презема иницијатива, а клубот вели дека се држи до тој став и во овој момент.

Дел од шпанските и француските медиуми излегоа со најнови информации дека Реал планира да достави понуда за ангажман на Мбапе во претстојниот зимски преоден рок, но оваа информација беше демантирана со официјално соопштение.

– Со оглед на информациите кои неодамна беа објавени и споделени од различни медиуми, а во кои се шпекулира за наводни преговори меѓу играчот Килијан Мбапе и нашиот клуб, Реал Мадрид сака да констатира дека овие информации се целосно лажни и дека такви преговори немало со играчот кој му припаѓа на ПСЖ, – гласи објавата на Реал.

Мбапе пред една година пропушти голема шанса да го облече белиот дрес на најтрофејниот шпански клуб, а дали во иднина ќе добие слична прилика останува да видиме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни