Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Реал се избори за голем бод на „Борусија-Парк“, нови победи за Ливерпул и Сити (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Реал Мадрид со пеколен финиш се спасија од пораз на дуелот против Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ беа во загубена позиција на „Борусија-Парк“, губеа со 2-0 со головите на Маркус Турам се до самата завршница кога прво Бензема во 87 минута намали на 2-1 за да во судиското продолжение погоди и Касемиро за конечни 2-2.

Ова за Реал беше прв бод во оваа група во која Менхенгладбах и Интер имаат по два, додека прв е Шахтјор со 4 поени.




Нови победи забележаа пак англиските премиерлигаши, Ливерпул го доби Митјиланд со 2-0 со погодоците на Жота и Салах, а пак Манчестер Сити како гостин беше подобар од Олимпик Марсеј со 3-0 благодарение на головите на Торес, Гундоган и Стерлинг.

На останатите вечерашни дуели Порто го надигра Олимпијакос (2-0), Феликс беше херојот на Атлетико во драматичното славје над Салцбург од 3-2, додека Аталанта и Ајакс одиграа реми со четири голови (2-2).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни