Поврзете се со нас

Шпанија

Реал рутински се справи со Џирона на Миовски (ВИДЕО)

Објавено

на

Актуелниот шпански шампион Реал Мадрид рутински дојде до трите бода во соочувањето со Џирона во последниот натпревар од денешната програма од 16.коло во Примера.

Клубот од престолнината славеше со 3-0 и сега е само на минус два во однос на лидерот Барселона која пак денеска остана без триумф во соочувањето со Бетис во судиското продолжение.

Во фокусот беше Белингам кој во првиот дел го отвори резултатот во 36 минута. На стартот на вториот дел Англичанецот испрати одлична топка до Арда која беше искористена од Турчинот за зголемување на предноста.

Потоа Џуд ја напушти играта поради повреда, но тоа не беше пречка за гостите кои преку Мбапе реализираа уште еднаш за потврда на славјето на „Монтоливи“.

За домаќините стартер беше нашиот Бојан Миовски кој беше активен до 58 минута.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни