Шпанија
Реал размислува да им го забрани патувањето на своите играчи на доделувањето на „Златната топка“

Реал Мадрид би требало да биде претставуван на церемонијата на доделување на „Златната топка“ преку дел од своите фудбалери, но клубот не е сигурен дека тоа е најдобра идеја во овој момент.
Џуд Белингам и Винисиус Жуниор се фудбалери кои треба да бидат присутни на свеченоста во Париз, но Флорентино Перез и неговите соработници се исплашени од актуелната ситуација во земјата.
Израелско-палестинскиот конфликт во Газа предизвика бројни закани со терористички напади во цела Франција, па постојано се откажуваат и летови бидејќи аеродромите добиваат дојави за поставени бомби.
Во слична ситуација се и најважните туристички атракции како палатата во Версај, па сето тоа може да ја осиромаши и фудбалската гала церемонија, бидејќи Реал е еден од клубовите кои размислуваат да им забранат патување на своите ѕвезди во Париз.
„Златната топка“ ќе биде доделена на 30. октомври во театарот Шателе.
-
Шпанијапред 18 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг