Реал преку Леганес до третото место во Ла Лига (Видео)

real-leganes

Реал Мадрид го победи Леганес на гостински терен со 3:1, а со триумфот на овој заостанат натпревар од Ла Лига, успеа да ја надмине Валенсија и да се искачи на третото место на табелата.

Домаќините први реализираа и тоа преку Бустинца во 6. минута, но до крајот на полувремето гостите направија пресврт со головите на Лукас и Касемиро.

Леганес имаше неколку добри можности да израмни, а откако не успеа, во завршницата беше досуден пенал над Ковачиќ, а истиот Рамос го претвори во гол за конечни 1:3.

По 24 кола, Реал Мадрид има 48 бодови, два повеќе од Валенсија, но и четиринаесет помалку од лидерот Барселона.

Facebook Коментари