Поврзете се со нас

Шпанија

Реал преговара со Дејвис, но мерка и квалитетен десен бек од Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид трпеливо ги бира засилувањата за тимот на Карло Анчелоти, а следново лето се очекува во шпанскиот клуб да пристигнат неколку квалитетни имиња, предводени од Килијан Мбапе.

Покрај ангажманот на Французинот во нападот, Реал мора да реагира и во однос на засилувања на бековските позиции, при што се очекува Алфонсо Дејвис да биде ново име на левата страна.

Додека мадридскиот клуб очекува успешни преговори со Баерн за канадскиот репрезентативец, истовремено следи и одличен десен бек од Премиер лигата.

Се работи за Трент Александер-Арнолд, уште еден фудбалер на кого договорот му истекува во јуни 2025 година. Тоа значи дека Ливерпул би требало да го продаде летово ако не сака да го загуби без отштета, но засега е нејасно дали англискиот фудбалер би сакал да се одлучи за трансфер во составот со најмногу титули во ЛШ.

Еден од адутите на Реал во потенцијалните преговори е заминувањето на Јирген Клоп, потег поради кој и одредени ѕвезди на Ливерпул би можеле да прифатат нов предизвик и да го напуштат „Енфилд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни