Поврзете се со нас

Шпанија

Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти сезонава се соочува со неверојатен број проблеми поврзани со повреди на дефанзивните играчи, а од денеска списокот е подолг за уште еден.

Лукас Васкез денеска бил на детални прегледи, кои покажале дека има мускулна повреда и мора да мирува наредниот период.

Васкез беше солидна солуција за Реал Мадрид во ситуација во која Анчелоти остана без бекови и стопери, но сега дефинитивно нема да патува со својот тим во Манчестер, каде „кралскиот клуб“ ќе се соочи со Сити во плејофот од Лигата на шампионите.

Васкез им се приклучи на Ридигер, Алаба, Карвахал и Милитао кои не се во комбинација, а минимални се шансите да биде во комбинација за реваншот со Сити во Мадрид.

Анчелоти остана само Менди, Фран и Васкез на дефанзивните позиции, па сигурно ќе мора да прекомандува барем еден од фудбалерите од средниот ред во одбраната.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни