Поврзете се со нас

Евролига

Реал потона во Монако, Партизан заглави во последната четвртина во Атина (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ASMonaco_Basket

Бранителот на титулата во Евролигата, Реал Мадрид доживеа тежок пораз на гостувањето во Франција кај Монако во рамките на 22. коло во најквалитетното кошаркарско натпреварување на стариот континент.

Домашниот тим одигра одлична партија, функционираше се во напаѓачка смисла и со 98:74 го реши гостинот од Мадрид. Лојд до 19 поени беше лидер кога се во прашање стрелците, Џејмс уфрли 15, но имаше и 12 асистенции, а двоцифрени беа Диало (14) и Мотејунас (13).

Муса пак со 12 кошеви беше најсветла точка кај „кралевите“.

Партизан пак има проблеми кога игра надвор од Белград и потврда за тоа се четирите порази во низа од кои последниот беше вечерва во Атина од Панатинаикос со 84:71,

Резултатот беше нерешен по 30 минути (58:58), но потоа „црно-белите“ не одговорија на енергијата на ПАО кој воден од навивачите постигна дупло повеќе поени од ривалот и го забележа 14. триумф во кампањата.

Нан и Митоглу искомбинираа 37 поени кај победничкиот состав.

На другите две средби, Жалгирис го разби Фенербахче со 98:75 и Валенсија беше подобра од Милано со 84:72.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни