Шпанија
Реал постигна три гола и направи пресврт, но остана без „цел плен“ во малото градско дерби (Видео)
Реал Мадрид испушти нова шанса да ја престигне Барселона на првенствената табелата, но истовремено и не победи на натпревар на кој успеа да направи голем пресврт и да постигне три гола во низа.
„Валјекас“ стадионот во мадридското предградие стана доста незгоден за „кралевите“ во последните неколку години, а тоа се покажа и оваа вечер во која видовме вистинска фудбалска рапсодија.
Рајо Валјекано влезе со голема енергија во малото градско дерби и со двата гола на Лопез и Мумин поведе со 2:0, но кога се чинеше дека големиот фаворит е грогиран, следеше фантастичен гол на Феде Валверде.
Уругваецот со силен шут погоди за 2:1 и го врати фаворитот во игра, а до крајот на полувремето на семафорот беше 2:2 бидејќи во листата на стрелците се запиша и Џуд Белингам.
Англичанецот ја потврди извонредната форма и постигна гол на шести меч во низа во Ла Лига, а тоа му помогна на Реал да тргне фуриозно и во второто полувреме.
Теренската иницијатива резултираше со гол на Родриго за 2:3, па иако се доби впечаток дека Реал ги презема работите под контрола, Рајо покажа дека не се предава.
По еден шут на Лежен, Иси беше снаодлив и го измами Куртоа за 3:3 по 62- минути игра, а иако преостануваше уште повеќе од половина час за игра, резултатот не се менуваше и двата мадридски тима ги поделија бодовите.
Головите погледнете ги ТУКА
-
Светски првенства23 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија23 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства24 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Италија13 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства23 часа
Јагуриновски: Имавме јасна замисла во последниот напад, но…..
-
Репрезентација23 часа
Кузмановски по ремито со Унгарија: Денешниот бод му го посветуваме на Јовиќ
-
Шпанија14 часа
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија8 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…