Поврзете се со нас

Евролига

Реал по нова драма до нова победа во Грција, историски триумф на Макаби во Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Реал Мадрид успеаа да слават и во вториот меч во двојната програма во Евролигата, одново преку вистинска драма и одново во Грција.

Во вторникот на „кралевите“ им требаа две продолженија за да го скршат отпорот на Панатинаикос, сега пак  по дополнителни пет минути излегоа како победници од битката против Олимпијакос. Регуларниот тек заврши 69-69, додека во продолжението повеќе сила, нерви имаа гостите од Мадрид и со 17-13 дојдоа до конечен триумф од 86-82.

Лапровитола со 19 поени беше прв стрелец кај Реал, Томпкинс пак додаде 15 кошеви. Мартин и МекКисик со по 18 кошеви беа први имиња кај Олимпијакос.

Макаби Тел Авив ја прекина црната серија и по повеќе од 15 години ја доби Барселона во „Палау Блауграна“. Клубот од Изреал се избори за средба со мал број на кошеви, неизвесна завршница и славје од 68-67.

Бендер даде 15, Дорси 14, а Хантер и Брајант по 10 поени за Макаби, додека на каталонците не им беа доволни 16 кошеви на Хигинс кој го промаши последниот шут за славје на домаќините.

Останати резултати: ЦСКА М.-Зенит 83-65, Црвена З.-Валенсија 76-73, Баерн М.-Басконија 77-66, Асвел-Химки 90-84

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни