Поврзете се со нас

Евролига

Реал по две продолженија славеше во Атина, ЦСКА го здроби Ефес (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Реал Мадрид ја забележа најдраматичната победа на првите пет средби од 14. коло во Евролигата.

Шпанскиот великан по дури две продолженија, дополнително десет минути славеше во Атина кај Панатинаикос со 97-93. Навистина се водеше голема борба, решаваа нијанси кои овојпат беа на страната на Реал кој во овој момент реално е и поквалитетна екипа од грчкиот претставник.

Центарот Таварес со дабл-дабл од 20 поени и 14 скокови беше најдобар поединец кај победникот за кој Абалде додаде 19, а Рендолф 18 кошеви. Залудни на спротивната страна беа 27 поени на српскиот интернационалец Недовиќ.

ЦСКА Москва дојде до деветтата победа во ова натпреварување и тоа во битката со Анадолу Ефес која ја доби со нереални 100-65. Сите четири четвртини им припаднаа на „армејците“, најрасположен за игра беше Клајбурн со 22 поени.

Анадолу Ефес пак сега има учинок 7-7 и е на 10 место на табелата.

Останати резултати:

Црвена Звезда-Алба Берлин 84-90 (по прод.)

Жалгирис-Басконија 92-73

Фенербахче-Милано 71-79

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни