Поврзете се со нас

Евролига

Реал по две продолженија го сруши Монако и ја продолжи победничката серија (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Реал Мадрид по вистинска драма и по дури 50 минути славеа над Монако со 90-84 во најинтересниот меч во Евролигата.

Ова беше дуел во кој двета состави мораа добро да се испотат, да остават се на теренот за да стигнат до триумфот кој овојпат заврши каде лидерот кој во второто продолжение беше подобар со 15-9 и на тој начин ја продолжи извонредната серија во најквалитетното европско натпреварување.

За клубот од Мадрид ова беше седмо славје во низа, партии кои му овозможија да го преземат првото место и тоа од големиот ривал Барселона. Јабуселе со 18 беше прв стрелец, по 10 дадоа Поарие и плејмејкерот Ертел.

Кај домаќините Бејкон и Диало заедно искомбинираа 38 кошеви.

На останатите дуели ЦСКА Москва го доби руското дерби против Уникс (86-75), Панатинаикос беше подобар од Басконија (75-63), Баерн во германската пресметка ја надигра Алба со 62-56, додека пак Милано го потврди статусот на фаворит против Жалгирис (65-58).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни