Поврзете се со нас

Шпанија

Реал планира четири засилувања во 2025 година

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид има проблем со повредите и Карло Анчелоти ќе мора да пронајде соодветни решение во актуелниот состав или во школата за да екипата биде на највисоко ниво и покрај сите проблеми.

Доста се говори за тоа дека „кралевите“ би можеле да излезат на пазарот и бидат активни во јануарскиот преоден рок, нешто што дефинитивно е реално, но шпански „АС“ пишува за тоа што Реал ќе направи летото 2025 година.

Овој медиум пренесува дека клубот од шпанската престолнина сака да ги освежи двете бековски позиции, потоа да ангажира стопер и фудбалер, креативец на средината на теренот.

На десната и левата страна се посакувани Трент Александер Арнолд и Алфонсо Дејвис, двајца играчи на кои им истекуваат договорите со Ливерпул и Баерн Минхен на крајот на сезоната, па Реал сака ова максимално да го искористи, дојде до нивниот потпис.

Кога е во прашање централната одбранбена линија желба е Џонатан Та за кого исто не би било платено обештетување затоа што во летото 2025 ќе биде слободен играч.

Актуелниот европски првак го мерка и Флоријан Вирц од Леверкузен, ас кој е многу посакуван од Флорентино Перез, ама конкуренција за него е голема и се споменува сума од 130 милиони евра која ќе мора да биде издоена ако Реал или некој друг тим сака да го ангажира.

Останува исто да се види каква ќе биде и иднината на тренерот Карло Анчелоти, односно опцијата Чаби Алонсон да го преземе тимот од наредното лето исто така е во игра.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни