Шпанија
Реал пикирал идеално засилување за средниот ред, се работи за непишаното засилување на Ливерпул
Реал Мадрид е прилично мирен во зимските трансфер пазари поради сложеноста да се адаптира еден фудбалер брзо на новата средина, но планот е овојпат да се направи отстапка и да се ангажира еден дефанзивец кој може да одговори на десната бековска позиција.
Тешката повреда на Дани Каравахал го оставија Карло Анчелоти со само една опција во Лукас Васкез, а во ситуација кога се очекува посериозно раздвижување од „кралевите“ на почетокот на месец јануари, угледните медиуми од шпанската престолнина најавија и една операција која може да се случи налето.
Угледниот „АС“ пренесе доверливи информации кои доаѓаат од внатрешноста на клубот, а според кои Флорентино Перез и неговиоте соработници пикирале едно идеално засилување за средниот ред за наредната сезона.
Реал Мадрид не донесе директна замена за пензионираниот Тони Крос и реши да се потпре на играчите со кои располагаше и минатата сезона, но бидејќи постојат огромни шанси сега да си замине и Лука Модриќ, европскиот шампион мора да мисли на иднината.
Главна мета за овие позиции во средината е Мартин Зубименди, 25-годишниот играч за врска на Реал Сосиедад, фудбалер кој беше пред животна одлука изминатото лето.
Иако имаше практично договорено се со Ливерпул, Зубименди на крајот направи чекор назад и ја одби понудата од англискиот клуб, а главна причина за тоа беше останување во својата родна земја.
Овие услови прават Реал Мадрид да има голема предност при почеток на едни преговори, па затоа „АС“ информира дека шпанскиот репрезентативец може многу лесно да стане првото летно засилување за Карло Анчелоти уште во почетната фаза на 2025-та година.
-
Светски првенства9 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија20 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства22 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија15 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија21 час
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија21 час
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Репрезентација22 часа
Серафимов: Дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен!
-
Свет17 часа
Уште еден Македонец може да заврши на островот: Атанасов интересен за клуб од Шкотска