Шпанија
Реал откри од каков тип е повредата на Мбапе (Фото)
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2024/12/mbape-zbunet.jpg)
Реал Мадрид ја победи Аталанта со 2:3 и остана жив во обидот да стигне до топ осум пласман во Лигата на шампиони, но истовремено, радоста не беше целосна поради повредата на Килијан Мбапе.
Французинот се повреди во првото полувреме откако претходно постигна гол за 0:1, па иако Карло Анчелоти смируваше на прес-конференцијата и најавуваше дека нема ништо сериозно, напаѓачот сепак ќе мора да паузира околу десет дена.
Реал Мадрид денеска откри од каков тип е повредата на Мбапе и соопшти дека станува збор за полесно истегнување на мускулот, но сепак е потребна пауза.
Килијан со сигурност нема да игра на првенствениот натпревар против Рајо Валјекано кој се игра претстојниот викенд, а виси за настап и за финалето на Интернационалниот Куп во Доха.
Првичниот план е Килијан да отпатува со тимот во Катар, па таму да се одлучи дали е подготвен да му помогне на својот тим.
Parte médico de Mbappé.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) December 12, 2024
-
Италија20 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства18 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Англија21 час
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Италија15 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија19 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија18 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија17 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Англија10 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)