Поврзете се со нас

Шпанија

Реал останува без капитенот по крајот на оваа сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид имаа неколку играчи на кои договорите им завршуваат во месец јуни или поточно по крајот на актуелнава сезона.

Остануваат отворени сите опции со најголем дел од нив, но има и такви кои веќе одлучиле за тоа кој ќе биде нивниот потег. Имено „Марка“ информира дека капитенот на екипата Начо Фернандез одлучил ова да биде негова последна кампања на „Сантијаго Бернабе“.

Тој е дете на „кралевите“, играч кој од 2011 настапува за првата екипа, па иако ретко кога е во прв план тој секогаш си ја врши работата и дава максумум за екипата.

И минатата година имаше информации дека Начо си заминува, ама во последен момент работите се променија и потпиша нов договор. Сега ситуацијата е поинква затоа што тој својата одлука му ја соопштил и на претседателот Флоринтино Перез што значи дека Шпанецот ќе го гледаме во друга средина во натпреварувачката 2024/2025.

Интер е заинтересиран за Начо, но има и други тимови кои се опција за дефанзивецот, клубови надвор од Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни