Поврзете се со нас

Шпанија

Реал официјално потврди кој број ќе го носи Мбапе и откри кога ќе го претстави на „Бернабеу“ (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Неполн ден по елиминацијата на Килијан Мбапе од Европското првенство во Германија, Реал Мадрид почна да ја планира својата агенда со францускиот фудбалер, кој пред неколку недели и официјално стана член на „кралскиот клуб“.

По неколкукратни неуспешни обиди и тешки преговори со Французинот, самиот Мбапе на крајот беше тој кој побара да направи трансфер во Реал Мадрид, а Флорентино Перез му ја исполни желбата и покрај тоа што беше изигран пред две години.

Првиот човек на Реал реши да го ангажира напаѓачот како слободен агент, а во ситуција кога сите се во исчекување на промоцијата, Реал денеска откри детали за она што ќе се случува на „Сантијаго Бернабеу“.

Планот е Мбапе да биде претставен во понеделник 16-ти јули во 12:00 часот, а според проценките на медиумите, на „Бернабеу“ се очекуваат 80 илјади фанови за пречекот на Французинот.

Реал исто така потврди дека Мбапе ќе ја носи „9-та“ која претходно беше во сопственост на Карим Бензема, но откри и дека ќе има неколку промени кај досегашни првотимци.

Феде Валверде наместо 15-та ќе ја носи 8-та која беше во сопственост на Тони Крос, Камавинга ја замени 12-та со 6-ка, додека Чумамени наместо 18-ка, ќе носи 14-ка на грбот. Промена ќе има и кај Арда Ѓулер кој сега ќе ја носи 15-та наместо 24-та, како и кај Валјехо кој сега ќе ја носи 18-та.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни