Поврзете се со нас

Шпанија

Реал нема да смета на двајца првотимци за финалето со Билбао

Објавено

на

Екипата на Реал Мадрид ќе се обиде да го освои Супер Купот на Шпанија, но тоа ќе мора да го направи без услугите на првотимецот Дани Карвахал.

Карвахал кој одигра 90 минути против Барселона имал позитивен тест на КОВИД-19 и поради тоа ќе го скокне неделното финале против Атлетик Билбао. Ова е уште еден пех за дефанзивецот кој се соочува со доста повреди во изминативе години, а сезонава веќе пропушти девет натпревари.

Се очекува Лукас Васкез да ја заземе неговата позиција.

Кога е во прашање Реал исто така треба да се каже дека најверојатно тренерот Карло Анчелоти нема да може да смета ниту на Давид Алаба кој уште закрепнува по повредата на мускулот и нема да се ризикува со него.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни