Поврзете се со нас

Свет

Реал нема да игра на Светското клупско првенство: ФИФА може да заборави на тоа

Објавено

на

foto: x.com/MrAncelotti

Реал Мадрид требаше да биде еден од сигурните учесници на Светското клупско натпреварување кое од наредната година ќе се игра во поинаков формат и тоа со 32 екипи од сите континенти.

ФИФА најави реформа на ова натпреварување кое треба да се игра од 15 јуни до 13 јули, но како што сега стојат работите таму нема да го гледаме актуелниот европски првак.

-ФИФА може да заборави на тоа. Во тоа натпреварување нема да учествуваат фудбалери и клубови. Само еден натпревар на Реал вреди 20.000.000 евра, а ФИФА сака да не „награди“ со таа сума за целиот турнир. Негативно! Како и ние, уште неколку клубови ќе ја одбијат поканата, -вели тренерот Карло Анчелоти за „Ил Џорнале“.

Ако е ова навистина така ќе биде проблем за ФИФА која ќе мора да најде друго решение, па можеби и компромис ако сака да го оствари зацртаниот план.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни