Шпанија
Реал не може веќе да ги трпи, две ѕвезди на клубот ќе може да си заминат без да се плати обесштетување за нив
Од Реал Мадрид веќе одреден период се обидуваат да се ослободат од некои свои фудбалери кои имаат огромни примања, но никако не можат да успеат во таа намера.
Клубовите за да ги избегнат финансиските последици по кризата предизвикана од коронавирусот ќе мора да се ослободат од некои од ѕвездите кои заработуваат огромно богатство.
Така, јасно е дека во Реал Мадрид први на удар ќе бидат крилните фудбалери, Герет Бејл и Хамес Родригез.
И двајцата имаат богати договори со клубот и токму затоа не можат да најдат нова средина која ќе им ги исполни барањата и ќе им ја плати платата која ја заработуваат во Реал Мадрид.
Затоа „Кралскиот клуб“ е подготвен и двајцата да ги пушти без никакво обесштетување со што ќе ослободи голема сума на пари во својата каса. Посебно проблем претставува Герет Бејл кој има астрономска плата од 400.000 евра неделно.
И другите клубови од Ла Лига ќе мора да бидат приморани да продаваат дел од своите ѕвезди, па така се шпекулира дека Атлетико ќе го пушти Саул за сума помала од 80 милиони евра, иако за него бараа над 100 милиони евра, а Барселона пак ќе се обиде да се ослободи од Дембеле за кого ќе прифати понуда од 60 милиони евра.
-
Светски првенства11 часа
Лекаи со тешки зборови за македонските фанови: Нашиот голман може да ви каже што му правеа
-
Шпанија21 час
Ендрик и Валверде воодушевија со два „проектили“, Реал потешко од очекувањата до четвртфиналето во Купот (Видео)
-
Англија22 часа
Јунајтед беше во нокаут до 82. минута, Диало спречи срам на „Олд Трафорд“ со хет-трик за паметење (Видео)
-
Шпанија13 часа
Анчелоти: Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто
-
Шпанија23 часа
Навивачите на „Бернабеу“ со брутален пречек за еден стартер на Анчелоти: Го исвиркуваат секој негов допир со топката (Видео)
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ за своите испади на теренот: Свесен сум дека не се претставувам себе на најдобар начин
-
Италија12 часа
Јувентус ќе дозволи трансфер на Камбијасо во Сити само под еден услов
-
Светски првенства13 часа
Лазаров наброја низа фактори кои очекува да бидат клучни на натпреварот со Холандија