Поврзете се со нас

Шпанија

Реал можел да го добие Левандовски за „само“ 20 милиони евра

Објавено

на

Кога е во прашање фудбалот секогаш се бара да се донесат вистински, правилни одлуки, меѓутоа понекогаш како во животот така и во спортот се прават грешки, а тоа дефинитивно може да се каже да потегот на Реал Мадрид со Роберт Левандовски.

Шпанскиот великан во 2014 година имал можност да го добие Полјакот за сума од само 20 милиони евра, опција која Флорентино Перез ја одбил затоа што не сакал да влезе во војна со Баерн Минхен. Имено на Левандовски таа година му завршуваше договорот и како слободен агент можеше да ја бира новата средина со тоа што Баерн беше најбрз и потпиша пред договор за неговот доаѓање во Минхен.

Сепак истиот можел да се поништи за сума од 20 милиони евра, па агентот на напаѓачот, Чезари Кучарски ја разгледувал со „кралевите“ кои сепак на крајот се повлекле затоа што не сакаше да си направат проблеми со Баерн.

Дали е тоа вистински потег проценете самите, меѓутоа бројките на Левандовски со Карим Бензема (деветката на Реал) од 2014 година се целосно на страна на Полјакот кој има дадено повеќе од 100 голови од Французинот (232/130).

Лева во сите свои сезониво Баерн со исклучок на првата (25 голови) дава по 40 или повеќе голови, па дефинитивно со ова и се што прави е меѓу најдобрите, ако не и најдобра деветка на светот во овој момент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни