Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид жестоко ја осуди невкусната епизода која ја доживеа Јамал на „Бернабеу“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Ламин Јамал вчера постигна гол на „Сантијаго Бернабеу“ во победата од 0:4 која ја оствари Барселона, но иако за многумина неговата прослава беше и провокативна, всушност истата била одговор на навредите кои ги добил од трибината.

Шпанските медиуми ги објавија видеата кои докажуваат дека Ламин бил навредуван на расна основа од страна на навивачи на Реал Мадрид, па сега клубот ќе мора да соработува со полицијата за да се утврдат сторителите на невкусното дело.

Јамал не даде голема важност на оваа тема и ниту една негова изјава не беше поврзана со расистичките навреди, но бидејќи Реал како клуб во безброј наврати го бранеше Винисиус Жуниор од слични епизоди, сега излезе со официјално соопштение за невкусната епизода со шпанскиот репрезентативец.

– Реал Мадрид остро го осудува секој тип на однесување што вклучува расизам, ксенофобија или насилство во фудбалот и спортот и длабоко жали за навредите што неколку навивачи ги искажаа синоќа во еден од аглите на стадионот.

– Реал Мадрид отвори истрага со цел да ги лоцира и идентификува авторите на овие жални и одвратни навреди, со цел да ги донесе соодветните дисциплински и судски мерки, – гласи објавата на Реал Мадрид.

Ова соопштение од клубот сепак не е доволно за навивачите на Барселона, кои го прозиваат со реакција да излезе и Винисиус Жуниор кој во безброј наврати даваше остри забелешки за противничките фанови кога беше жртва на расизам.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни