Поврзете се со нас

Евролига

Реал Мадрид загуби и од Макаби, Милано пресилен за Баерн

Објавено

на

blank

Реал Мадрид за само неколку дена доживеа уште еден пораз во кошаркарската Евролига.

По неуспехот против Црвена Звезда на домашен терен, шпанскиот великан вечерва загуби и на гостувањето кај Макаби Тел Авив.

Двете екипи одиграа рамноправен натпревар, но Макаби се снајде подобро во драматичната завршница и го совлада трофејниот ривал со 86:84.

Дорси со 30 поени заврши како најдобар реализатор кај победникот, додека Томпкинс постигна 20 поени во составот на Реал Мадрид.

Реал има ефект 13-8, додека Макаби стигна до десеттата победа за 10-11 во досегашниот тек на сезоната.

Милано немаше никакви проблеми со Баерн Минхен, добивајќи ја евролигашката пресметка со 75:51, а победата ја најави со високата предност уште по првиот дел, во кој Германците постигнаа само 20 поени.

Родригез со 14 и Пунтер со 12 поени биле најефикасни кај италијанскиот состав, додека со 12 поени најдобар реализатор кај Баерн бил Рејнолдс.

На другите средби одиграни денеска:
Зенит-Анадолу Ефес 85:78
Панатинаикос-Химки 94:78
Лион Вилербан-Валенсија 90:77

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни