Реал Мадрид пред сериозен испит против ПСЖ: Роналдо упати порака до своите фанови (Видео)

ronaldo-seriozen

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е свесен дека откако неговиот клуб ги загуби шансите за освојување на титулите во Ла Лига и во Купот, сега главниот притисок се префрли на Лигата на шампиони каде ,,кралскиот клуб” во осминафиналето се среќава со францускиот ПСЖ.

Овој натпревар сигурно ќе биде одлучувачки меч за иднината на Зидан во Реал Мадрид.

Но, затоа Кристијано Роналдо за да ја крене атмосферата направи видео порака со специјална мотивирачка содржина до своите фанови за да дојдат во се поголем број за да го бодрат ,,кралскиот клуб”.

– Играме еден од најважните натпревари сезонава и тоа против одличен тим. Затоа со моите соиграчи ве замолуваме, да дојдете и да ни дадете најголема поддршка,а  едно е сигурно заедно ќе бидеме многу посилни и ќе победиме. Напред Мадрид, – се обрати до своите фанови Роналдо.

 

Facebook Коментари