Поврзете се со нас

Евролига

Реал Мадрид повторно подобар финишер, закажа мајсторка во серијата со Анадолу Ефес

Објавено

на

Реал Мадрид имаше одличен почеток и финиш на четвртиот натпревар од четвртфиналната серија против Анадолу Ефес, а тоа беше доволно за победа (82:76) и закажување на мајсторка која ќе се игра во Истанбул.

Почетокот на натпреварот донесе неверојатни 17:0 за домаќините во Мадрид, на турскиот состав му беа потребни околу шест минути да ги постигне првите поени, но до крајот на четвртината успеа да стигне до 19:13.

Следуваше фуриозен период на Ефес, во кој оваа екипа направи целосен пресврт и на полувреме водеше со 47:36. Избраниците на Ергин Атаман имаа контрола на резултатот, плус 13 на седум минути до крајот, но Реал се разбуди и успеа да направи пресврт.

Шпанскиот тим исто како и на третиот натпревар, имаше одличен финиш и на крајот стигна до победата со 82:76, со што израмни на 2:2 во серијата, најавувајќи го решавачкиот петти дуел кој ќе се игра на теренот на Анадолу Ефес.

Гаруба со 24 и Керол со 20 поени беа најпрецизни во редовите на Реал Мадрид, а во составот на Ефес повторно се истакнаа Бобоа со 23 и Ларкин со 22 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни