Лига на шампиони
Реал Мадрид потврди две „засилувања“ за дербито со Аталанта
Победата над Џирона го намали притисокот врз Карло Анчелоти и неговите фудбалери во важен момент, односно пред гостувањето кај Аталанта во Лигата на шампионите.
Шпанскиот клуб мора да брка победа доколку сака да ги оствари своите амбиции во главната фаза на европското натпреварување, а Анчелоти веќе најави дека на оваа средба нема да смета на Ферлан Менди, кој е последниот повреден играч во таборот на Реал.
Сепак, денеска стигнаа и добри вести од Мадрид, а клубот ги потврди со објавување на списокот со фудбалери, кои ќе патуваат во Бергамо.
На истиот се најдоа Родриго и Винисиус, што значи дека Бразилците ќе бидат подготвени за тешкиот предизвик против екипата која игра во одлична форма и е на врвот во Серија А.
Списокот е потврда дека и Џуд Белингам нема посериозен проблем, а посебно важно е враќањето на Винисиус, кој ги пропушти последните неколку натпревари.
📋✅ ¡Nuestros convocados!
🆚 @Atalanta_BC#UCL pic.twitter.com/KShyrkhW1B— Real Madrid C.F. (@realmadrid) December 8, 2024
-
Светски првенства18 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија24 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија18 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Шпанија22 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Светски првенства19 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Германија23 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија23 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет24 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот