Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид потврди дека повредата на Камавинга е посериозна од првичната проценка

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Проблемите на Реал Мадрид со повредени фудбалери кулминираа пред крајот на календарската година и за време не густиот распоред кој вклучува настап на репрезентациите.

Шпанскиот клуб денеска официјално објави дека повредата на Едуардо Камавинга е посериозна од она што беше првична проценка, а резултатот е добиен откако Французинот направил прегледи во Мадрид.

Играчот за врска има оштетување на лигаментите на десното колено и според најавите, нема да се врати во составот на Реал пред вториот дел на јануари.

Камавинга се повреди за време на подготовките со француската репрезентација, а федерацијата излезе со став дека има само истегнување на коленото и не толку сериозна повреда.

Карло Анчелоти одреден период веројатно нема да смета ниту на Винисиус, кој утринава заработи повреда на дуелот Колумбија-Бразил, иако во неговиот случај дополнително ќе биде познато за каква повреда станува збор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни