Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид почна предвреме да го продава дресот со новата шампионска титула во Примера (Фото)

Објавено

на

Реал Мадрид оваа вечер го игра клучниот меч во сезоната во домашното првенство, бидејќи со победа против Вилјареал, „кралевите“ и математички ќе ја обезбедат титулата во Примера.

Зинедин Зидан, капитенот Серхио Рамос и останатите се максимално насочени кон она што го носи вечерашната средба на домашен терен, бидејќи воопшто не се очекува да биде лесно против незгодниот Вилјареал кој често знаел да направи проблеми и во шпанската престолнина.

Сепак, додека тренерот и играчите се насочени кон она што го носи вечерашниот натпревар, одговорните луѓе за маркетинг на клубот побрзаа со објавата на специјалниот дрес во чест на новата шампионска титула.

Реал Мадрид преку својата официјална фан-шоп продавница го претстави шампионскиот дрес кој ќе чини нешто повеќе од 100 евра, но тоа го направи неколку часа уште пред да биде одигран натпреварот.

„Кралевите“ брзо ја повлекоа објавата поради негативните коментари кои пристигнаа и од самите фанови на клубот, кои сметаат дека не треба да си поигруваат со судбината се додека не го заверат трофејот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни