Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Реал Мадрид побара одговори од УЕФА: По кои критериуми Париз го доби финалето на ЛШ?

Објавено

на

Новиот европски шампион Реал Мадрид побара објаснување и одговори од УЕФА поради случувањата во пресрет и за време на финалето на Лигата на шампионите.

Европската фудбалска федерација со вонредна одлука го префрли финалето во Париз на „Стад д Франс“, но тоа помина во знакот на проблемите со влегувањето на стадионот на дел од навивачите.

Голем дел фанови на Ливерпул останаа пред трибините, па дури и заработија повреди од интервенцијата на обезбедувањето и полицијата, а покрај Ливерпул, сега реагираше и Реал Мадрид кој смета дека ваквите случувања донеле проблеми и за неговите навивачи кои доживеале проблеми без да ги предизвикаат.

Шпанскиот клуб бара одговори зошто УЕФА го одредила стадионот во Париз за домаќин на финалето, односно кои биле критериумите по кои биле донесена ваква одлука.

– Би сакале да ги знаеме причините поради кои овој стадион е избран за домаќин на финалето и кои критериуми биле земени предвид, посебно по се што се случуваше.

– Исто така, бараме одговори и објаснување за тоа кој е одговорен за ставање на фановите во позиција во каква што се најдоа. Она што требаше да биде фестивал на фудбалот се претвори во серија несакани инциденти кои предизвикаа негативни реакции во целиот свет, – вели Реал Мадрид во соопштението

Француските власти ги обвинија навивачите на Ливерпул поради тоа што дел од нив имале фалсификувани билети, но призна дека голема вина имаат и локални жители кои влегле на стадионот без билет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни