Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Реал Мадрид не се откажал од Килијан Мбапе, ниту пак верува во информацијата на англиските медиуми за промената на клаузулата на Ерлинг Халанд во Манчестер Сити.

„АС“ пренесува дека Флорентино Перез планира нов „галактикос“ удар во јуни 2024 година, кога Мбапе би дошол без отштета од ПСЖ, додека за Халанд би била активирана откупната клаузула.

Мбапе го продолжи договорот со ПСЖ до 2024 година, но француските медиуми се убедени дека тоа ќе биде и крај на соработката со францускиот клуб, додека Реал е подготвен да ги исполни неговите финансиски услови.

Халанд во 2024 година ќе може да го промени клубот ако Реал плати 200 милиони евра, нешто на што Перез е подготвен уште во моментов.

Англиските медиуми неодамна објавија дека има промена во договорот на Халанд, односно тој не може да замине пред 2025 година, но „АС“ потенцира дека се работи намерно протечена информација која нема подлога во однос на реалноста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни