Поврзете се со нас

Евролига

Реал Мадрид отстрани од тимот двајца играчи кои ќе мора да го напуштат клубот

Објавено

на

Реал Мадрид вчера прокоцка голема предност и загуби од Баерн во Евролигата, а во клубот се случуваат уште поголеми проблеми од дисциплински карактер.

„Марка“ пренесува дека Томас Ертел и Трој Томпкинс се отстранети од првиот тим и веројатно веќе нема да го облечат дресот на Реал во продолжение од кариерата.

Договорот на Томпкинс истекува во јуни и Реал без проблеми ќе ја заврши соработката со Американецот, додека истовремено бара начин за раскин на договорот со Ертел.

Овој кошаркар посебно го разочарал тренерот Пабло Ласо со своето однесување, па затоа Ертел воопшто не беше во комбинација за вчерашниот дуел, исто како и Томпсон.

Медиумите шпекулираат дека и Јабуселе добил казна поради своето однесување, а ваквата нестабилна ситуација доаѓа во пресрет на тешкото гостување кај Барселона во текот на утрешниот ден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни