Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид објави први детали за повредата на Бензема

Објавено

на

Карим Бензема беше принудно заменет на дуелот меѓу Реал Сосиедад и Реал Мадрид, што не беше добра вест за тренерот Карло Анчелоти и фановите.

Веднаш беше јасно дека Французинот ќе го пропушти дербито со Интер во Лигата на шампионите, но во клубот стравуваа од подолга пауза на напаѓачот.

Лекарскиот тим на Реал морал да сочека повеќе од еден ден за да се намали отокот на спорното место, по што биле направени детални прегледи и тие покажале дека не се работи за сериозна повреда.

Бензема избегнал поголем проблем со мускул и засега е сигурно дека нема да игра против Интер.

Фудбалерот веќе ја започнал рехабилитацијата и лекарскиот тим ќе одлучува за неговата состојба пред секој натпревар, при што посебно важно е претстојното дерби со Атлетико.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни