Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид нема да игра на „Сантијаго Бернабеу“ до крајот на сезоната

Објавено

на

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, вечерва потврди дека „кралскиот клуб“ ќе ја доигра актуелната сезона на стадионот во својот тренинг центар.

Реал сака да го забрза реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“ и поради тоа, натпреварите на домашен терен ќе ги игра на стадионот „Алфредо Ди Стефано“, кој се наоѓа во рамките на тренинг центарот Валдебебас.

– Ова решение ќе ни помогне да го забрзаме процесот и „Сантијаго Бернабеу“ побрзо да биде подготвен за натпревари, – посочува Перез во своето соопштение до јавноста.

Перез изразил благодарност до фудбалерите и стручниот штаб за прифатеното намалување на платите и најави дека клубот наскоро ќе објави како ќе им компензира на навивачите кои нема да можат да ги искористат билетите до крајот на сезоната.

Реал Мадрид во моментов заостанува два бода зад лидерот Барселона, а сезоната ќе ја продолжи на 14 јуни против Еибар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни