Шпанија
Реал Мадрид најави посебен чин пред дербито со Атлетико: Цел стадион ќе ја поздрави легендата (Фото)

Реал Мадрид ги прави завршните подготовки за големото дерби против Атлетико кое се играа оваа вечер, а во увертирата за пресметката во шпанската престолнина, клубот најави и еден специјален чин.
Марсело пред два дена објави дека става крај на богатата играчка кариера и дека заминува во пензија, па со оглед на тоа што во прошталното видео посебен акцент стави на етапата која ја мина во Реал, „кралскиот клуб“ сега ќе му оддаде признание на својата легенда.
Бразилскиот лев бек реши да се пензионира на 36-годишна возраст, а еден од најуспешните играчи во историјата на Реал вечерва ќе добие посебна почест од сите на „Сантијаго Бернабеу“.
– Марсело ќе добие почест на дербито кое се играа оваа сабота на „Сантијаго Бернабеу“. Нашиот стадион ќе има можност да се прости и да го препознае значењето на Бразилецот, играч кој во четвртокот најави повлекување од професионалниот фудбал.
– Марсело е една од најголемите легенди на нашиот клуб, но и воопшто на светскиот фудбал. За време на своите 16 сезони во Реал Мадрид, тој освои 25 титули на 546 одиграни натпревари. Пет титули во Лигата на шампиони, 4 Светски клупски титули, 3 Европски Суперкупа, 6 титули во Ла Лига, 2 титули во Копа дел Реј и 5 шпански Суперкупа, – гласи објавата на „кралевите“.
Homenaje a @MarceloM12 antes del derbi en el Santiago Bernabéu.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) February 8, 2025
-
Македонија18 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија22 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија20 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Европски првенства20 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 119 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА24 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)
-
Италија10 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Свет14 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)