Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид му најде нов клуб на талентираниот Кубо

Објавено

на

Шпанскиот шампион Реал Мадрид има повеќе фудбалери на располагање од бројот на кој може да смета Зинедин Зидан, па продолжува со соработката со повеќе клубови во чии редови испраќа на заем дел од помладите играчи.

Таков е случајот со Такефуса Кубо, кој во веќе завршената сезона му беше соиграч на нашиот Александар Трајковски во редовите на Мајорка, тим кој сепак не успеа да обезбеди опстанок во Ла Лига.

Реал сака Кубо да игра прволигашки фудбал, па затоа Јапонецот сега се сели во редовите на Вилјареал, каде ќе игра барем една сезона.

За фудбалерот со голем потенцијал се интересирале повеќе шпански екипи, но Вилјареал ја добил битката, иако без никаква опција за откупување на договорот по крајот на следната сезона.

Во дресот на Мајорка, Кубо постигна 4 голови и имаше 5 асистенции на вкупно 36 настапи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни