Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид мисли на иднината, од Бундеслигата носи напаѓач кој играше за Барселона

Објавено

на

Од таборот на Реал Мадрид се пред конечен договор за ангажман на уште едно засилување кое ќе треба да биде столб на тимот во иднина.

Станува збор за младиот, 17 годишен напаѓач, Икер Браво кој во минатото ги минувал младинските категории во Барселона.

Браво во моментов е член на Баер Леверкузен и веќе има неколку настапи за сениорскиот тим на „фармацевтите“ во германскиот куп, како и во Бундеслигата.

Всушност, Браво е најмладиот дебитант во историјата на Леверкузен откако со само 16 години и девет месеци го облекол дресот на познатиот германски тим во купот.

Икер Браво е редовен репрезентативец во младинските категории на Шпанија, а многумина го сметаат како еден од најталентираните фудбалери од новата генерација.

Реал Мадрид веќе се договорил со Леверкузен и наскоро ќе го ангажира во своите редови, а речиси е сигурно дека тој прво ќе игра во вториот тим на „кралевите“ со можност да тренира со сениорите под водство на Карло Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни