Шпанија
Реал Мадрид ќе претстави план за реформи на шпанската судиска сцена

Раководството на Реал Мадрид подготвува план за реформи, односно менување на системот за судење на шпанската фудбалска сцена.
„Кралскиот клуб“ реагираше жестоко по поразот од Еспањол и испрати писмо до Шпанската фудбалска федерација, обвинувајќи дека судиите во Ла Лига се корумпирани и намерно го оштетуваат Реал Мадрид и поради нивните одлуки му се украдени и трофеи.
„Кадена СЕР“ објави дека претставници на Реал правеле анализа на системот на судење и делегирање на судиите од другите европски шампионати, по што ќе предложат реформи и за шпанската фудбалска сцена.
Главната идеја на планот ќе биде зголемување на транспарентноста на судиите, односно достапност на аудио разговорите во ВАР собата.
Истовремено, Ла Лига преку претседателот Хавиер Тебас и другите шпански клубови не го криеја незадоволството од реакцијата на Реал Мадрид, па лигата бара и санкција за Реал Мадрид поради жестоката реакција до федерацијата.
-
Формула 110 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија19 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Реал се закани: Последен пат играме фудбал во вакви услови!
-
Италија18 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!
-
Лига на шампиони22 часа
ЕХФ ги пофали „Чкембари“ и праша: Дали ова се најдобрите навивачи во ЛШ?
-
Шпанија21 час
Мбапе блесна, Реал славеше во Вилјареал по пауза од осум години (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)