Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид ќе го користи потегот на Димитриевски како доказ во приговорот за Винисиус

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид на драматичен начин оствари тешка победа на „Месталја“ и славеше со 1:2, триумф кој донесе три бода и лидерска позиција за „кралскиот клуб“, кој сепак не е целосно задоволен од случувањата на теренот.

Причина за тоа е црвениот картон кој го заработи Винисиус Жуниор на 10 минути пред крајот, а во целиот инцидент беше вклучен и нашиот Столе Димитриевски кој беше причина за исклучувањето на Бразилецот.

Димитриевски искусно успеа да му постави замка на контроверзниот Бразилец, по што следеше очигледна агресија од напаѓачот на Реал Мадрид која беше казнета со директен црвен картон по проверката на ВАР.

Дисциплинското тело при Шпанската Фудбалска Федерација има јасен статут за вакви ситуации и според правилата Винисиус треба да оди на „ладење“ од 4 до 12 натпревари поради прикажана агресија на теренот, но и поради тоа што имаше обид физички да го нападне судијата откако беше испратен кон соблекувалната.

Карло Анчелоти како тренер на „кралевите“ експресно порача дека Реал Мадрид како клуб ќе го обжали покажаниот црвен картон, а угледните медиуми од Мадрид ги открија и доказите кои планираат да се достават од страна на водечките луѓе.

Ако се оди според прописите, Винисиус во најмала рака треба да добие четири меча суспензија, но Реал верува дека олеснителна околност треба да биде провокацијата од Столе Димитриевски, па Македонецот ќе биде појдовна точка на „кралевите“ во нивната одбрана за споменатиот инцидент.

Целта на Реал Мадрид е да ја преполови најмалата казна која се доделува за вакви испади во Ла Лига, па наместо четири, Винисиус да добие казна од два натпревари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни