Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Реал Мадрид казнет поради хомофобични скандирања на сметка на Гвардиола

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Екипата на Реал Мадрид излезе како победник од двомечот со Манчестер Сити во плејофот за место во осминафиналето на Лигата на шампионите, но шпанскиот клуб ќе мора да плати казна за однесувањето на дел од своите фанови.

Европската фудбалска федерација (УЕФА) му одредила казна на Реал за реваншот со Сити на „Бернабеу“, а причина е што дел од фановите упатиле хомофобични навреди на сметка на гостинскиот менаџер Пеп Гвардиола.

Шпанскиот великан поради ова ќе треба да плати 30.000 евра на сметката на УЕФА, а истовремено доби и парцијална, условна суспензија на својот стадион.

Поточно, 500 седишта на „Бернабеу“ ќе треба да останат празни како дел од санкцијата на европската федерација, но само ако домашните фанови направат уште еден прекршок наредните две години.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни