Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид ја пронашол замената за Серхио Рамос во ривал од Ла Лига

Објавено

на

Од таборот на Реал Мадрид пред неколку денови и официјално потврдија дека остануваат без услугите на нивниот досегашен капитен, Серхио Рамос кој по цели 15 години ќе си оди од „Сантијаго Берунабеу“.

Рамос како слободен агент ќе може да ја промени средината во летниот преоден рок, а Карло Анчелоти за следната година ќе мора да бара нов стопер на кој ќе ја гради играта во дефанзивата.

Како што пишува весникот близок до Реал Мадрид, „АС“, клубот од главниот град на Шпанија ја следи ситуацијата околу играчот на Вилјареал и шпански репрезентативец, Пау Торес.  Младиот стопер одигра уште една одлична сезона во дресот на Вилјареал со кој ја освои и Лига Европа, а сега е стандарден кај Луис Енрике во селекцијата на Шпанија.

Реал Мадрид го доведе Давид Алаба кој може да игра и како стопер, па лесно може да се случи Анчелоти следната година да има комплетно нов стоперски тандем Алаба- Торес, откако се погласно се пишува и за заминувањето на Рафаел Варан од „кралскиот клуб“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни