Поврзете се со нас

Свет

Реал Мадрид ја освои кошаркарската титула, Муса прогласен за МВП на финалната серија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RMBaloncesto

Кошаркарите на Реал Мадрид остварија и трета победа во финалната серија против Мурсија (73:84) и стигнаа до нова шампионска титула во домашното првенство.

Откако лесно излегоа на крај со Барселона во полуфиналето, членовите на Реал го потврдија квалитетот и против најголемото изненадување, екипата на Мурсија.

Иако противникот ја одигра најдобрата сезона во клупската историја, немаше сили ни за една победа во финалето, нешто што се случи и вечерва на домашен терен.

Мурсија имаше водство од осум поени на полувреме, но Реал направи пресврт во третиот период и ја задржа предноста до крајот, за вкупна победа од 3:0 во серијата и 37. шпанска титула во својата клупска историја.

Вечерва најефикасни беа Муса и Хезоња со 18, односно 17 поени, a репрезентативецот на БиХ е прогласен и за МВП на финалната серија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни