Шпанија
Реал Мадрид иницирал почетни преговори со Винисиус

Раководството на Реал Мадрид ги контактирало агентите на Винисиус Жуниор и побарало отворање преговори за продолжување на неговиот договор.
Соработката меѓу Реал и Бразилецот е договорена до 2027 година, но Реал очигледно сака порано да добие гаранција за плановите на Винисиус и неговите соработници.
Како што пренесуваат медиумите, Реал најчесто ги почнува преговорите со своите фудбалери откако ќе почнат да истекуваат последните две години, но за Винисиус ќе биде направен исклучок и акцијата е започната порано.
Винисиус сигурно ќе добие поголема плата од Реал, но и тоа не е гаранција дека Бразилецот дефинитивно ќе ја прифати понудата, посебно што одамна се шпекулира за негов трансфер во Саудиска Арабија и највносен договор во историјата на фудбалот.
Шпанските медиуми сметаат дека Вини е среќен во Мадрид и засега не донел некаква конкретна одлука, па веројатно нема да брза и со потпишување нов договор, иако досега навестуваше дека сака да остане уште долго во Реал.
– Се работи за индивидуална одлука. Сепак, според мене, Винисиус изгледа среќно и возбудено од идејата да остане тука и да освојува трофеи со Реал Мадрид. Мислам дека ќе ја избере славата пред парите, – изјави тренерот Карло Анчелоти на оваа тема.
-
Формула 116 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија13 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија16 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија12 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Европски првенства11 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Македонија10 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Формула 111 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА15 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)