Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид го загуби трпението и ќе слуша понуди за Азар, Перез ја одредил сумата за која е решен да го продаде

Објавено

на

Водечките луѓе на Реал Мадрид полека го губат трпението со Еден Азар, фудбалер кој досега беше максимално заштитуван и поддржуван од страна на Зинедин Зидан кој воедно беше и главната причина поради кога Белгиецот пристигна во престолнината.

Францускиот стручњак побара трпение околу Белгиецот и покрај тоа што неговите бројки се прескромни во првите две сезони кои се одбележани од тешки повреди, но иако првичниот план беше да му се даде и трета шанса со трета сезона како член на Реал, полека во клубот почнуваат да се премислуваат, а тоа особено е случај по неговото однесување на „Стемфорд Бриџ“.

Насмевката на лицето на Еден по болната елиминација во полуфиналето ги разбесни навивачите на Реал Мадрид, а како што информира познатиот шпански весник „ABC“, трпението го загубил и Флорентино Перез кој ја одредил и цената за која е подготвен да се ослободи од Азар.

Еден постигна само четири гола во овие две сезони во кои пропушти дури 58 натпревари поради различни 11 повреди, што го доведува во прашање и неговото професионално работење надвор од фудбалскиот терен.

Азар има уште три години од договорот со Реал и неговата вредност на трансфер пазарот вртоглаво падна во овие две сезони, па така од 150 милиони евра, сега неговата вредност според „Трансфермаркт“ изнесува 40 милиони евра. По објавата на „ABC“, со својата вест се јави и угледната „Марка“, која исто така најавува дека во клубот се подготвени да слушнат понуди за Азар во висина од 50 милиони евра, сума која ја одредил Перез како најадекванта и задоволувачка после сето ова што се случи од неговото пристигнување на „Бернабеу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни