Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/valenciacf_en

Раководството на Валенсија изминативе сезони ја фокусираше својата стратегија на давање шанса на помладите фудбалери и користење на талентот кој отсекогаш бил заштитен знак за младинската академија на клубот од „Месталја“.

Шпанскиот клуб имаше успешни и помалку успешни трансфери на големи таленти кои изминативе години го напуштија клубот, а тренерот Рубен Бараха сезонава има голема доверба во уште еден талентиран играч, кој веќе е следен од скаутите на Реал Мадрид.

Се работи за 19-годишниот дефанзивец Јарек Гасиоровски, кој може да настапува на повеќе позиции и со височина од 192 сантиметри веќе ги воодушеви фановите на својот актуелен клуб.

Шпанскиот стопер со полско потекло, наскоро ќе треба да потпише нов договор со Валенсија што може да ја зголеми и откупната клаузула од 45 милиони евра, но Реал Мадрид нема да штеди доколку скаутите дадат зелено светло за Гасиоровски.

„АС“ кој ја објави информацијата потенцира дека Ридигер и Алаба се веќе навлезени во четвртата деценија, Валјехо веројатно ќе го напушти Реал, па затоа и клубот мора да размислува и за освежување на одбраната, паралелно со некоја поголема инвестиција за веќе докажан фудбалер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни