Реал Мадрид го пријавил Интер кај ФИФА за случајот Модриќ

modric-faten

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид решил официјално да го пријави Интер поради недозволените преговори со Лука Модриќ во рамките на овој преоден рок.

Италијанците не криеја дека се заинтересирани за хрватскиот репрезентативец кој има договор со Реал, а откако продолжија со настојувањата и покрај одбивањето на Флорентино Перез за преговори за трансфер на Модриќ, случајот ќе дојде до телата на ФИФА.

Реал протестира поради преговорите со фудбалерот без дозвола на неговиот актуелен клуб, а „Асошиејтед Прес“ тврди дека светската фудбалска централа потврдила дека добила ваков случај.

Facebook Коментари